MYLA FOSM
>>

Политика на приватност

09 Мај, 2014

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на било кој начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.

1.МЗМП доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при регистрирањето.

2.МЗМП на ниту еден начин истите податоци нема да ги класифицира, групира или употреби за кои било други цели освен за законска комуникација со самите корисници.

3.Корисникот при регистрирањето е должен да ги внесе само оние податоци кои се специјално означени во образецот за регистрација. Тие податоци се собираат исклучиво за законска комуникација со корисниците.

МЗМП ги применува сите стандарди за чување на личните податоци, како и стандарди за бришење на личните податоци во согласност со важечките прописи во Република Северна Македонија.