MYLA FOSM
>>

Услови за користење

09 Мај, 2014

Страната е сопственост на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и истата е составена од курсеви, предавања и кратки видеа од правни професионалци, како и други ресурси од правната сфера. Исто така на страната ќе се поставуваат публикации од млади правници. Ве молиме навремено да се запознаете со правилата и условите наведени подолу, како би се избегнале евентуални недоразбирања во понатамошното користење на страната. Со читање на долунаведените правила и услови МЗМП ќе смета дека сте во целост запознаени со истите и ги прифаќате. 

Преку овој сајт, МЗМП сака да развие Е-learning платформа за правно зајакнување, едукација и насочување на младите правници и студентите за право. МЗМП има за цел да ги поддржи младите правници и студентите по право во стекнување на знаења и вештини од областа на човековите права и нивната заштита.  Предавањата, прпописите и друга стручна литература и материјали не ги отсликуваат официјалните ставови на МЗМП и истиот не одговара за содржината на материјалите и ставовите пренесени од страна на предавачите.

МЗМП не одговара при евентуалните грешки кои ке бидат затечени од страна на корисниците на веб страната. Ставовите изнесени од страна на предавачите се исклучително нивни ставови и МЗМП не сноси одговорност доколку крисникот ги употреби или се повика на ставовите изнесени од страна на предавачите на било кој начин и при тоа претрпи одредена штета.

Покрај правната литература, материјалите и предавањата, страната содржи линкови и други информации од други веб страни и портали. МЗМП не е одговорна за содржината и информациите на било која од овие веб страни и портали.

Корисниците се одговорни за начинот на користење на материјалите и ставовите на предавачите кои се дел од оваа страна.

МЗМП ќе настојува да ја ажурира веб страната редовно со нови предавања, видеа и материјали во рамките на своите можности и капацитети. МЗМП не гарантира непрекинат пристап и квалитет на брзина на пренос на податоците при употреба и слушање на предавањата. Страната овозможува копирање и преземање на материјалите и другатата литература прикачена на сајтот но не и преземање и копирање на предавањата за човекови права.

Со една е-маил адреса може да се регистрира само еден корисник. Не е дозволено користење на истиот корисник и лозинка во исто време од повеќе лица на повеќе компјутери.

МЗМП ги задржува сите права без претходна најава и образложение во било кое време да ги смени условите на користење на веб страната и содржината на страната.