MYLA FOSM
>>

За Нас

01 Мај, 2016

ЗА МЗМП 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) има за цел да го зајакне придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија и остварување на принципот на владеење на правото и заштита на човековите права.

Здружението е формирано во 2003 година како непрофитна професионална организација на правници, со почетна идеја да го олесни и забрза професионалниот развој на младите правници од дипломирањето на правниот факултет до започнување кариера во некоја од правничките професии. Низ годините МЗМП прерасна во организација која активно ги штити човековите права и владеењето на правото користејќи ги капацитетите на младите правници. 


MИСИЈА

Обединување на младите правници, нивна континуирана едукација и насочување, со цел да се подигне квалитетот и професионалноста во правната заедница и да се зајакне принципот на владеење на правото во РМ.


ВИЗИЈА

Лидер во промовирање на капацитетите на младите правници и релевантен фактор во обезбедувањето на квалитетот во извршувањето на правничката професија.


 СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

  1. Професионално насочување на младите правници
  2. Подигнување на свеста меѓу релевантните актери во правната заедница за потенцијалот на младите правници
  3. Запознавање на младите правници со основните принципи на професионалната етика за обезбедување на поквалитетна правна помош и правни услуги за граѓаните на Република Македонија
  4. Воспоставување на систем за интегрирање на младите правници
  5. Подобрување на соработката на релевантните институции во областа на правото
  6. Подобрена афирмација на работата на организацијата
  7. Воспоставување на стандарди за квалитет на помошта и услугите кои ги нудат претставниците на правничката професија за граѓаните на Република Македонија согласно меѓународните стандарди и стандардите на Европската Унија


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ 

Македонско здружение на млади правници

Ул. Донбас бр.14 1-6, 1000 Скопје

Тел. +389 (0) 2 3220 870

contact@myla.org.mk 

www.myla.org.mk